24фудбал

Еден меч суспензија за Ибрахимовиќ

39 годишниот напаѓач ќе го пропушти мечот против Џенова предвиден да се одигра во недела во најновата рунда натпревари во Серија А.

Италија

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ доби суспензија од еден меч по директниот црвен картон кој го доби на пресметката со Парма каде „Росонерите“ славеа со 3-1 во саботата.

Дисциплинската комисија при фудбалска Италија одлучи шведскиот ветеран да паузира еден натпревар, а тој ќе добие и парична казна од 5,000 евра поради тоа што го изговорил со несоодветно и провокативно однесување, како и тоа што покажал непочитување кон официјалните лица на еден натпревар.

Ибрахимовиќ доби директен црвен картон од судијата Фабио Мареска при една доста полемична ситуација, за која тренерот на Милан, Стефано Пиоли отвори можност дека се работи за недоразбирање на зборовите на напаѓачот, меѓутоа се чини дека не е така.