24фудбал

Алегри имал барање до Ањели: Ослободи се од Роналдо, го блокира развојот на тимот

„Тутоспорт“ веќе објави дека првата ѕвезда на италијанскиот првак би можел да си замине доколку клубот од Торино не успее во намерата да обезбеди место во Лигата на шампионите за идната сезона.

Италија

Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри според информациите кои ги објави „Ла Република“, наводно го советувал првиот човек на клубот Андреа Ањели да се ослободи од Кристијано Роналдо.

Тој го блокира развојот на тимот“ наводно му објаснувал Алегри на Ањели, пишува весникот.

Јувентус освои осум титули во Серија А во низа, а Роналдо посакуваше да дојде до титула со италијанскиот првак во Лигата на шампионите, каде тој има освоено пет титули, но тоа засега не се случи.

Весникот наведува дека наместо договор на векот за Јувентус, клубот речиси станал „затвореник“ на нивната голема фудбалска ѕвезда.

Договорот на Роналдо со „Старата дама“ истекува идната година, но „Калчомеркато“ известува дека Португалецот ќе има средба со челниците на клубот по крајот на актуелната сезона на која ќе разговараат за неговата иднина.

Неофицијално, Јувентус е подготвен да се раздели со Роналдо, меѓутоа постојат многу аспекти на оваа тема кои што треба да се земат во предвид за обете страни да си подадат рака.