24фудбал

Едно сценарио навестува дека Кејн ќе побара од Тотнем да си замине, но ќе остане во Премиерлигата

Кејн е член на Тотнем од 2009 година, со тоа што одреден период беше испраќан и на позајмица, но се’ позасилени се шпекулациите дека би можел да си замине од редовите на „Спарси“ уште на лето, а тоа може да се случи по едно сценарио кое е мошне извесно.

Англија

Повеќе од јасно е значењето на Хари Кејн во Тотнем за самиот клуб, првата ѕвезда на тимот од Лондон сезонава има одличен учинок во Премиерлигата каде на 29 настапи успеа да постигне 19 погодоци, а да запише уште и 13 асистенции.

Меѓутоа, за 27 годишниот напаѓач кој има активен договор со Тотнем до 2024 година, се повеќе и повеќе медиумите известуваат дека претстојното лето би можел да си замине од редовите на „Спарси“, меѓутоа на Островот наведуваат дека тој би преферирал да остане во Премиерлигата.

Доколку Тотнем не успее во намерата да избори место во Лигата на шампионите за идната сезона, во тој случај се верува дека Кејн ќе побара од клубот да си замине, тоа е сценариото по кое напаѓачот би можел да си замине, бидејќи, наводно е фрустриран од тоа што неговиот тим не се бори за трофеи.

„Индипендент“ тврди дека капитенот на „Гордиот албион“ посакува да остане во Премиерлигата, а ги преферира Манчестер јунајтед или Манчестер Сити.

Како и да е, истиот медиум додава дека во случај Килијан Мбапе да си замине од ПСЖ и се приклучи на Реал Мадрид, во тој случај и францускиот првак ќе се приклучи во трката за потписот на Кејн.

Кога говориме за сценариото кое се навестува, а тоа е Тотнем одново сезонава да не успее да избори место во топ четирите екипи во Премиерлигата, тоа е мошне извесно да се повтори и сезонава, ако се земе во предвид дека седмопласираните „Спарси“ заостануваат шест бода зад Вест Хем (4), односно седум во однос на Лестер (3), а заостануваат и зад Челси и Ливерпул.