24фудбал

Серхио Рамос е позитивен на ковид-19

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос кој се опоравува од повреда е позитивен на коронавирус по последните тестови.

Шпанија

На последното тестирање на фудбалерите на Реал Мадрид, Серхио Рамос е позитивен на ковид-19, соопштија од клубот.

И неговиот соиграч од одбраната, Рафаел Варан е во изолациија откако на 6. април беше позитивен на тестот.

Рамос ги пропушти последните три меча на тимот поради повреда, тој работеше на рехабилитација, но во наредните десет дена ќе биде изолиран и нема да може да тренира.

Тој ќе пропушти најмалку три меча на Реал Мадрид, утрешниот дуел со Ливерпул, а потоа и мечевите со Хетафе и Кадиз.