24фудбал

Баерн Минхен се надева дека ефикасноста овој пат ќе го послужи и ќе постигнат најмалку два гола во Париз

Баерн Минхен со 3-2 беше поразен во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ, тој меч се одигра во Минхен, а тоа ја прави нивната цел уште потешка.

Лига на Шампиони

Баварците на тој меч создадоа многу повеќе шанси од противникот, но реализацијата без Левандовски во составот беше очајна.

„Знаеме дека треба да постигнеме најмалку два гола. Тоа ќе биде тешка задача, но ова се натпревари за кои играме фудбал. Сакаме да го вознемириме Париз и ќе бидеме среќни ако го направиме тоа. Имавме многу шанси во првиот меч, но не бевме прецизни. Се надеваме дека сега ќе биде подобро. Знаеме дека нема да биде лесно, но ќе дадеме се од себе“, вели тренерот Ханси Флик.

Еден од оние кои се задолжени за голови е Томас Милер.

„Ќе имаме нормален приод на мечот, важно е да го балансираме ризикот во индивидуалните ситуации. Нема да се залетаме и да нападнеме со сите сили, но ќе се обидеме да постигнеме рано гол. Би биле среќни доколку создадеме толку шанс колку што создадовме на првиот натпревар. Но треба да имаме подобра реализација. Направивме некои анализи и се надеваме дека ќе ги имплементираме“, вели Томас Милер.