24фудбал

Манчестер Сити договори голем бразилски талент

Манчестер Сити и Флуминенсе постигнаа договор за трансфер на Кауку кој е роден 2003 година, тој ќе се пресели во англискиот клуб во 2022 година.

Англија

Кауку кој има 17 години, веќе постигна два гола за првиот тим на Флуминенсе и важи за еден од најголемите таленти во Јужна Америка.

Информациите велат дека Манчестер Сити и Флуминенсе преговорите ги почнале уште од јануари, а сега успешно ги завршиле, наскоро и официјално ќе биде потпишан договорот.

Манчестер Сити ќе плати 10 милиони евра на почеток, плус дополнителна сума во иднина. Ќе биде ставен и процент кој треба да го добие Флуминенсе од следен трансфер на фудбалерот.

Кауку во Манчестер Сити ќе се пресели во јуни 2022 година кога ќе има наполнето 18 години.

Двата клуба разговараат за сличен трансфер и на уште еден фудбалер, станува збор за играчот од средниот ред Метињо за кој Манчестер Сити на почетокот би платил 5 милиони евра, а останатата сума подоцна.