24фудбал

Добри вести од Загреб, повредата на Адеми не е сериозна

Од Динамо Загреб се надеваат дека нивниот капитен Аријан Адемим ќе биде подготвен за реваншот против Виљареал, а тоа значи дека повредата не е сериозна.

Македонија

Тренерот на Динамо Загреб ја исплаши и македонската јавност кога рече дека повредата на Адеми изгледа сериозно. Се стравуваше дека можеби се работи и за скршеница на стопалото, а ако беше таква дијагнозата тој ќе го пропуштеше и Европското првенство.

Сепак, не се работи за никаква скршеница, од Динамо Загреб се надеваат дека Адеми ќе биде подготвен за мечот во четврток против Виљареал.

„Адеми доби незгоден удар и има оток на зглобот, но лекарскиот тим на Динамо прави напор тој што побрзо да ја санира повредата. Имаме трка со времето, но се надеваме дека Адеми ќе биде подготвен за во четврток“, велат од Динамо Загреб за хрватскиот портал „24 сата“.