24фудбал

По системот „три за три“: УЕФА се сомнева за местење на шест меча во Србија (ВИДЕО)

„Данас“ наведе дека постојат сомневања поради вртоглави уплати на Далечниот Исток, а од куќата на фудбалот во Србија потврдија дека добиле допис од УЕФА за изразените сомневања.

Останато

Голем скандал го тресе српскиот фудбал откако УЕФА ја извести Фудбалската Федерација на Србија дека постојат сомневања за лажирање резултати на шест натпревари во тамошниот фудбалски шампионат.

Се работи за четири натпревари во март, но и два овој месец, а според доставениот извештај од страна на европската куќа на фудбалот, постои извештај на основ на сомнителни активности во обложувалници, но и самите коефициенти, а постои сомневање дека се работи за подарување бодови помеѓу самите клубови по системот „три за три“.

Ова се шесте натпревари кои се под истрага за лажирање резултати, а последните два се од овој месец:

Младост – Златибор 0-2


Мачва – Пролетер 3-1


Нови Пазар – Пролетер 5-0


Младост Раднички Ниш 4-1


Рад – Радник Сурдулица 2-0