24фудбал

Македонските фудбалери ќе треба да се вакцинираат пред Европското првенство?

„Кориере дело Спорт“ објавува дека УЕФА сериозно размислува за задолжителна вакцинација на фудбалерите кои ќе учествуваат на Европското првенство.

Македонија

Иако првичните најави беа дека УЕФА нема да бара задолжителна вакцинација за ЕП, сепак последните информации велат дека во Нион се предомислуваат и сериозно ја разгледуваат можноста за промена на тој став.

УЕФА сака да ја елиминира можноста некој за време на ЕП да се зарази со коронавирус и да го продолжи ширењето во соблекувалната на соиграчите.

Ваквиот став доаѓа по случајот со Де Роси кој му е помошник на Манчини во италијанската репрезентација. Тој се зарази за време на тренинг-ап заедно со уште тројца членови на стручниот штаб, а дури осум фудбалери имале позитивни тестови.

Де Роси сега е во болница, под лекарски надзор отако му се влошила ситуацијата. Неговата состојба е добра, но треба да помине уште некое време таму.

Се очекува во наредните денови УЕФА да ја донесе конечната одлука бидејќи процесот на вакцинација е бавен. Потребна е прва вакцина, втора вакцина, па да помине одреден период за да се стекне имунизација.