24фудбал

Роналдо фрустриран го удирал ѕидот од соблекувалната (ВИДЕО)

„Газета дело Спорт“ пишува дека Кристијано Роналдо бил фрустриран по мечот со Џенова без разлика на победата и нервозно удирал по ѕидот од соблекувалната и не зборувал.

Италија

Јувентус синоќа ја победи Џенова со 3-1, Роналдо не се запиша во листата на стрелците, а по триумфот бил нервозен.

Во второто полувреме од мечот на теренот тој изгледаше нервозно и им се жалеше на соиграчите што не му асистираат.

По крајот на мечот Роналдо фрустрирано тргна кон соблекувалната и го фрли дресот кој веднаш го собра едно од децата кои собираат топки.

А „Газета дело Спорт“ информира дека нервозата на Роналдо продолжила и во соблекувалната, тој удирал по ѕидот и не зборувал со никој.