24фудбал

Трката за титулата во Шпанија станува исклучително интересна, три гиганти во два бода

На осум кола до крајот Атлетико Мадрид има еден бод пред Реал, а два пред Барса, финишот на сезоната ќе биде интеересен како ретко кога.

Шпанија

Атлетико Мадрид продолжи да губи бодови, синоќа одигра само 1-1 на гостувањето кај Бетис и повторно ги израдува главните ривали, Реал Мадрид и Барселона.

До крајот на сезоната има уште осум кола, Атетико Мадрид е прв со 67 бодови, Реал Мадрид има 66, а Барселона 65.

Еве го распоредот на сите три клуба до крајот на сезоната:


Атлетико Мадрид:

Еибар (дома)

Уеска (дома)

Атлетик Билбао (гости)

Елче (гости)

Барселона (гости)

Реал Сосиедад (дома)

Осасуна (дома)

Ваљадолид (гости)


Реал Мадрид: 

Хетафе (гости)

Кадиз (гости)

Бетис (дома)

Осасуна (дома)

Севиља (дома)

Гранада (гости)

Атлетик Билбао (гости)

Виљареал (дома)


Барселона:

Хетафе (дома)

Виљареал (гости)

Гранада (дома)

Валенсија (гости)

Атлетико Мадрид (дома)

Леванте (гости)

Селта (дома)

Еибар (гости)