24фудбал

Арсенал убедлив на гостувањето кај Шефилд јунајтед (ВИДЕО)

Арсенал со 3-0 победи на гостувањето кај Шефилд јунајтед, два гола на Александре Лаказет.

Англија

Топчиите имаа убедлива претстава кај Шефилд јунајтед кој веќе одамна ги загуби шансите за опстанок во Премиерлигата.

Лаказет во 33. минута го отвори, а во 85. минута го затвори резултатот, во меѓувреме и Мартинели ја затресе мрежата на противникот.