24фудбал

Вест Хем го победи Лестер, ново шоу на Лингард (ВИДЕО)

Вест Хем продолжува да игра сезона како од соништата, овој пат славеше над Лестер, директен конкурент за местата кои водат во Лигата на шампионите, Лингард даде два гола.

Англија

Вест Хем не запира, лондонскиот клуб го сруши и Лестер со 3-2, а главен во победата беше Лингард.

Напаѓачот на Манчестер јунајтед блеска откако стигна на позајмица во Вест Хем, така беше и денеска.

Тој погоди во 29. и 44. минута за водство на Вест Хем од 2-0, а Боуен во 48. зголеми и на 3-0.

Ихеначо во 70. минута погоди за 3-1, а истиот фудбалер на Лестер во 91. ги постави конечните 3-2. Немаше време за израмнување.