24фудбал

Јувентус подобар од Џенова, Наполи ја победи Сампдорија (ВИДЕО)

Јувентус со 3-1 ја победа Џенова, Горан Пандев беше стартер на мечот, Наполи со 2-0 славеше на гостувањето кај Сампдорија, Елмас влезе само колку да се задржи време

Италија

Горан Пандев одигра 63. минути во поразот на Џенова на гостувањето кај Јувентус кој немаше големи проблеми за да дојде до трите бода.

Со голови на Кулушевски и Мората, Јувентус дојде до предност од 2-0 по првото полувреме.

По четири минути игра во вториот дел Скамача намали на 2-1, а Мекени во 70. минута ги постави конечните 3-1.

Наполи со голови на Руиз и Осимен ја совлада Сампдорија со 2-0. Елиф Елмас во иггра беше ставен во 90. минута.

Лацио со погодок на Милинковиќ Савиќ во 92. минута победи со 1-0 кај Верона и ги освои трите бодови.