24фудбал

Интер се испоти за да го скрши Каљари, но успеа да ги освои трите бода (ВИДЕО)

Со гол на Дармијан во завршниот дел од мечот Интер со минимални 1-0 го победи Каљари и направи уште еден чекор поблиску кон Скудетото.

Италија

Интер ги освои планираните три бода против Каљари, но противникот се покажа како тврди орев.

Гостите играа дефанзивно, Интер напаѓаше, се обидуваше да го отвори мечот и тоа конечно се случи во 77. минута кога по додавање од Хакими, Дармијан реализираше за победа од 1-0.

На осум кола до крајот Интер има 11 бодови предност пред Милан, Каљари е во зоната за испаѓање и ќе има тешка задача да се спаси.