24фудбал

Костакурта до Донарума: Го бакнуваш дресот, а ти треба толку време да потпишеш нов договор

Претходно во Италија наведоа дека Донарума преку својот агент, контроверзниот Мино Рајола побарал годишна плата од 10 милиони евра, но и договор за пократок временски период, Милан доосега му понуди два милиони евра помалку.

Италија

Легендата на Милан, Алесандро Костакурта има критики за однесувањето на 22 годишниот голман Џанлуиџи Донарума во однос на преговорите со „Росонерите“ за негов нов договор, актуелниот му истекува на лето и би можел да си замине без никакво обештетување.

Се верува дека Донарума ги одбил последните две понуди од Милан, па така се повторува сагата околу неговата иднина како во периодот во 2017 година кога на крајот реши да стави потпис на нов договор.

Не можам да навлезам во неговиот ум, ние сме различни како особи, не можам да разберам како размислува, и ние претходно имавме агенти, и тоа добри агенти, секогаш сме одлучувале да останеме во Милан без никакво предомислување на таа тема“ изјави Костакурта.

Веројатно е дека ние заработувавме помалку од што требаше, но останувавме во Милан, мислам дека клубот не може да ја зголеми понудата, како што кажа Малдини, тие имаат буџет по кој треба да се водат, така, доколку пронајдат заеднички јазик и се договорат, ќе продолжат заедно, доколку не се договорат ќе се разделат“ додаде тој.

Тој го бакнува дресот, а потоа му треба толку време да потпише нов договор, зошто воопшто го бакнува тој дрес? Тоа е здодевно, можеби сум старомоден, но зошто тој го бакнува дресот? Можеби истото ќе го прави и во новиот клуб, можеби, не сум до толку интелигентен, би сакал да видам помалку бакнежи, а повеќе конкретни чекори“ заклучи Костакурта.