24фудбал

Откако Роналдо си замина од Реал Мадрид, Меси е „невидлив“ на Ел Класико

Поминаа повеќе од 1000 денови откако Аргентинецот последен пат успеа да се запише на листата на стрелците против големиот ривал Реал Мадрид, меѓутоа засега не постои фудбалер со повеќе погодоци на таа популарна пресметка.

Шпанија

Лионел Меси нема постигнато гол, ниту запишано асистенција на Ел Класико откако Кристијано Роналдо си замина од Реал Мадрид и потпиша за Јувентус во 2018 година.

Така беше и синоќа во поразот на Барселона од својот голем ривал со 2-1, а Аргентинецот претходно има постигнато 26 погодоци, но истовремено запиша и 14 асистенции во 45 меча против „Кралевите“.

Сепак, во последните три години Аргентинецот не може да запише некој добар учинок на дерби пресметките, со тоа што е без учинок во последните пет меча против Реал Мадрид, а го пропушти првото Ел Класико пост ерата на Роналдо поради повреда.

Што се однесува пак до Роналдо, тој има постигнато 20 погодоци во 34 натпревари против Барселона, меѓутоа единствено успеа да погоди против тој клуб во Лигата на шампионите во дресот на Јувентус.

Договорот на Меси со Барселона истекува на лето, се уште е неизвесно дали ќе остане на „Камп Ноу“, а постои можност Роналдо да се врати во Реал Мадрид, тој пак има договор со Јувентус до идната година, меѓутоа постои можност да си замине претстојново лето.