24фудбал

Тотнем има само еден начин да го задржи Хари Кејн

„Атлетик“ пишува дека Хари Кејн е фрустриран од неконкурентноста на Тотнем и ќе сака да си замине доколку клубот не успее да се пласира во Лигата на шампионите.

Англија

Хари Кејн е разочаран што Тотнем не освојува трофеи, а двапат неиграње во Лигата на шампионите ќе ја прелее чашата и тој ќе побара да биде продаден.

Информациите велат дека единствен начин Тотнем да го задржи Кејн е да се пласира во Лигата на шампионите за следната сезона.

Тимот на Мурињо речиси и да нема право на кикс до крајот на сезоната за да ја оствари таа цел, секој меч ќе им биде финале.

Утре играат големо дерби, го пречекуваат Манчестер јунајтед.