24фудбал

УЕФА потврди, Македонија ќе игра пред публика на Европското првенство

УЕФА денеска потврди дека осум од 12 градови дале гаранции дека Европското првенство на нивните стадиони ќе се одржи со минимум 25 проценти публика, меѓу нив се Букурешт и Амстердам каде ќе игра нашата репрезентација.

Македонија

Претходно Романија и Холандија потврдија дека Букурешт и Амстердам ќе имаат публика, а сега таа информација официјално ја потврди и УЕФА.

Конкретно за Букурешт и Амстердам, УЕФА информира дека тие градови потврдиле дека ќе можат да дозволат публика од 25 до 33 проценти од капацитетот на стадионите со можност до крајот на месецот да пријават и поголем капацитет во зависност од ситуацијата со пандемијата од коронавирус.

Четирите градови кои немаат дадено гаранции за прсуство на публика се Минхен, Рим, Билбао и Даблин. УЕФА им дала рок тоа да го направат до 19. април.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба на почетокот од мај.