24фудбал

Зидан: Не сакам ова да биде последно Ел Класико за Меси

Францускиот фудбалски стратег смета дека евентуално останување на Аргентинецот во редовите на лутиот ривал на „Кралевите“ би било добро и за самото првенство.

Шпанија

Шефот на стручниот штаб на Реал Мадрид, Зинедин Зидан вели дека не би сакал за првата ѕвезда на лутиот ривал Барселона, Лионел Меси претстојното Ел Класико да биде последно во неговата кариера во дресот на Каталонците.

Во пресрет на големото дерби, се уште не е познато какви се плановите на Меси за во иднина, ако се земе во предвид дека на лето му истекува договорот со Барселона, а Зидан јавно посочи дека посакува Аргентинецот да остане во тој клуб, што би било добро и за самото првенство.

Не сакам ова да биде последно Ел Класико за Лионел Меси“ изјави Зидан на денешната пресконференција.

Се надевам дека ќе остане во Барселона, ајде нека се случи тоа, тој е одличен во таа екипа, а тоа е истовремено добро и за самата Ла Лига“ додаде Французинот.

Од ремито со резултат 2-2 во сезоната 2017/18 во 36 коло, Меси нема постигнато гол на Ел Класико, меѓутоа Зидан смета дека тоа воопшто не ја отсликува реалноста.

Ние сите знаеме каков фудбалер е Меси, може и да не постигне гол на натпревар, но ние сите знаеме што може да стори на теренот“ заклучи Зидан.

Реал Мадрид е домаќин на утревечерното Ел Класико кое започнува во терминот од 21 часот, а што се однесува пак до табелата, во пресрет на 30 коло, Барселона е на второто место со 65 бода, два повеќе од третопласираниот Реал Мадрид, а на првото место се наоѓа Атлетико Мадрид со 66 бода.