24фудбал

Бељерин: Противниците не не’ победуваат, тоа сме ние кои ги губиме натпреварите

Арсенал како што прв дојде до водство близу завршницата од мечот, исто така и не успеа да го сочува истото во самата завршница, па разочарувањето во соблекувалната на „Топчиите“ е разбирливо големо.

Лига Европа

Ремито со Славија Прага од 1-1 на домашен терен во првиот меч од четвртфиналето во Лига Европа сигурно е ново големо разочарување за навивачите на Арсенал, а доколку се придодадат и лошите резултати во Премиерлигата јасно е дека разочарувањето е воедно и во самата соблекувална на „Топчиите“, за што сведочи и изјавата на капитенот Ектор Бељерин.

Чувствував како да го имавме натпреварот под контрола постојано, но последните пет минути...“ изјави шпанскиот бек за „БТ Спорт“ по синоќешниот меч.

Имавме шанси да погодиме, тоа успеавме да го сториме дури во 86 минута, а тоа што се случи потоа е целосно наша вина, не успеавме да го контролираме мечот, но и добро да се организираме на теренот, самите се ставаме во тешки ситуации каде не треба да бидеме во тие моменти, а тоа ни се случуваше и претходно“ додаде тој.

Ова е нешто што е во наши раце, а јас ќе повторам нешто што го имам кажано и претходно, противниците не непобедуваат, туку ние самите ги губиме натпреварите“ заклучи Бељерин.