24фудбал

Иван Тричковски ја доби златната копачка во Кипар (ФОТО)

Македонскиот напаѓач, Иван Тричковски ја доби наградата за најдобар стрелец во кипарското првенство за минатата сезона.

Македонија

Тричковски минатата сезона во дресот на АЕК Ларнака постигна 20 голови во кипарскиот шампионат. Беше најдобар стрелец, а наградата му беше доделена денеска на свечена церемонија.