24фудбал

Динамо Загреб поразен од Виљареал, ден на гостите во Лига Европа (ВИДЕО)

Динамо Загреб со 1-0 на свој терен загуби од Виљареал, гостински победи забележаа и Манчестер јунајтед и Рома, а Арсенал на свој терен не успеа да ја совлада Славија Прага.

Лига Европа

Динамо Загреб не го повтори изданието од дуелот со Тотнем, тимот на Ристовски и Адеми кои го одиграа целиот меч, загубија на свој терен од Виљареал.

Единствениот погодок беше постигнат во 44 минута, реализираше Морено од пенал.

Манчестер јунајтед со голови на Рашфорд и Бруно Фернандеш дојде до победа од 2-0 на гостувањто кај Гранада.

Арсенал поведе против Славија Прага во 86. минута со гол на Пепе, но Холес во 94. минута го изедначи резултатот на 1-1.

И Ајакс добро почна против Рома, поведе со гол на Класен во 39. минута, но второто полувреме им беше очајно.

Прво Тадиќ промаши пенал во 53. минута, а потоа погодија Пелегрини и Ибанез за комплетен пресврт и победа на Рома од 2-1.