24фудбал

Хауге: Халанд ме советуваше да потпишам за Милан

Норвежанецот истовремено тврди дека неговиот сонародник Халанд ги поседува потребните квалитети за да игра во Италија, за напаѓачот има голем интерес од европските гиганти.

Италија

Милан во октомври ланската година го договори трансферот на 21 годишниот крилен напаѓач Јенс Петер Хауге, кој на 18 натпревари успеа да постигне два погодоци, а потпиша договор со „Росонерите“ со важност до 2025 година.

Екс членот на норвешки Бодо/Глимт, пред да се одлучи за кој клуб да потпише се советувал и со ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, а од него добил совет да не се двоуми за „Росонерите“.

Зборувавме многу на оваа тема, бидејќи имаме големо познанство, постоеа многу клубови кои беа заинтересирани за мене, јас разговарав со него за Милан, а тој ме советуваше да потпишам за овој клуб“ вели Хауге.

Ми рече дека ќе биде тешко, но дека јас можам да бидам успешен“ додаде тој, а истовремено верува дека Халанд би можел да се адаптира и на Серија А.

Јас мислам дека тој ги има потребните квалитети за да игра во Италија, би бил многу среќен тука, тој е доста брз и силен“ заклучи Хауге.