24фудбал

Дармијан предупредува: Рано е за славје

Интер има и повеќе од солидна разлика од цели 11 бода предност во однос на второпласираниот Милан во Серија А на девет кола до крајот на актуелната сезона.

Италија

Интер е во одлична позиција во битката за титулата во Серија А сезонава, меѓутоа членот на „Нероаѕурите“, Матео Дармијан предупредува дека работата уште не е завршена кога станува збор за освојување на Скудетото.

Ние сме еден навистина добар тим, тоа веќе го докажавме на теренот со резултатите, што се однесува пак до мене лично, јас секогаш се обидувам да го дадам најдоброто од себе за тимот“ изјави Дармијан.

Многу е важно да ја имате довербата на сите, тоа ви овозможува да го прикажете најдоброто од вас, сите во тимот ја имаат таа желба за докажување, среќни сме што сме заедно во еден ваков тим“ додаде тој, а запрашан дали чувствува дека Скудетото е веќе во рацете на „Нероаѕурите“, неговиот одговор беше скромен.

Во моментов имаме добра и важна разлика на табелата, но Скудетото се уште не сме го освоиле, истото треба да го освоиме математички, а тоа значи уште бодови на контото, на секој натпревар кој ни претстои ќе одиме на победа, не смееме да славиме сега, се уште не сме ја освоиле титулата“ заклучи дефанзивецот.