24фудбал

Рамос: Можеби доколку Барселона го немаше Меси, ние ќе освоевме повеќе титули

Рамос признава дека Меси во голема мера направи проблеми во остварувањето на плановите на Реал Мадрид во битката за повеќе титули низ годините.

Шпанија

Серхио Рамос претпоставува дека неговиот клуб Реал Мадрид би освоил повеќе титули низ годините наназад доколку Лионел Меси не бил во Барселона, големиот и лут ривал на „Кралевите“.

Капитенот на Реал Мадрид освои четири титули во Лигата на шампионите со шпанскиот гигант, меѓутоа петте титули во Примера се само половина од тоа што Меси го освои со Каталонците.

Настрадавме против Меси во текот на годините“ вели Рамос во документарната серија „Легендата за Серхио Рамос“.

Можеби доколку Барселона го немаше него во својот тим, ние ќе освоевме повеќе титули“ додава тој.

Постоеше период кога се соочувавме со најдобрата Барселона во целата нивна историја, имавме одличен тренер како Жозе Мурињо, но имавме потешкотии да ги победиме, не победувавме многу и постоеше многу голема тензија, предизвикана или од нивна страна, или од наша“ подвлекува Рамос.