24фудбал

Агентот на Инсиње бил забележан во клупските простории на Милан

Инсиње е близу до запишување на 300 настапи за Наполи, клуб каде игра од 2010 година па наваму, а две години беше на позајмица, но останува нејасно дали ќе стави потпис на нов договор со клубот.

Италија

Агентот на капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње, Винченцо Писакане според информациите кои пристигнуваат од Италија бил забележан во седиштето на Милан.

29 годишниот Инсиње постигна 15 погодоци во 26 настапи во Серија А сезонава, а со самото тоа и натаму продолжува да биде клучен во составот на Наполи, меѓутоа неизвесна е неговата иднина во клубот.

Актуелниот договор на Инсиње со Наполи истекува идната година во јуни, а средбите кои ги остварува неговиот агент со други клубови може да стави притисок над првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.

„Газета дело Спорт“ тврди дека агентот на Инсиње имал средба со челниците на Милан, меѓутоа причините за неговата посета во клубот и натаму останува непозната.