24фудбал

Технологијата во фудбалот ќе се зголемува, Венгер вели дека од СП 2022 ќе има автоматски офсајд

Арсен Венгер кој е директор на ФИФА за фудбалски развој, вели декеа до почетокот на СП во Катар ќе биде имплементиран автоматски систем за офсајд.

Останато

Автоматскиот систем за офсајд ќе се воведе со цел да се намали чекањето за спорните одлуки, да не мора да има прегледување со ВАР.

„Автоматскиот офсајд мислам дека ќе биде подготвен за 2022. Притискам многу силно за овој проект што значи дека до помошниот судија ќе доаѓаат директно сигнали ако е офсајд“, вели Венгер.

„Во просек времето кое го чекаме сега е околу 70-80 секунди. Ова е важно бидејќи имногу прослави на погодоци биле стопирани поради мали офсајди“.