Томас Милер кој беше стрелец на еден од двата гола за Баерн против ПСЖ, вели дека неговиот тим можел да победи и 6-3.
Категорија: Лига на Шампиони 08.04.2021 09:28 Прочитано: 520 пати
Баерн Минхен синоќа доживеа непријатен пораз во Лигата на шампионите на свој терен од ПСЖ со 3-2. Баварците создадоа многу повеќе шанси од парижаните, но им фалеше реализација, отсуството на Левандовски беше видливо.
„Секогаш може да зборувате за головите кои сте ги примиле, но мислам дека никој немаше да се жали доколку ние победевме со 5-3 или 6-3“, вели Томас Милер.
„Некако си пукавме во нога. Сега мора да влегуваме од задна врата“.
Според играта се чини дека и покрај поразот Баерн Минхен не е без шанси во Париз.