24фудбал

Мбапе откако му даде два гола на Баерн: Сакам да играм против најдобрите фудбалери во светот

Килијан Мбапе уште еднаш покажа дека игра одлично на големи натпревари, синоќа беше главен во победата на ПСЖ над Баерн во Минхен.

Лига на Шампиони

Во реприза од финалето од Лигата на шампионите, ПСЖ го совлада Баерн Минхен на негов терен и со предност од 3-2 ќе го почне раваншот во Париз.

„Ова беше тежок меч против најдобриот тим во Европа во моментов. Одигравме како тим. Но ова е само прв натпревар, вториот меч треба да го одиграме со самодоверба и тимски исто како и овој“, вели Мбапе.

„Сакам да играм против најдобрите фудбалери во светот и Мануел Нојер е еден од најдобрите голмани во историјата. Не му дадов гол во финалето, но се надевам дека повторно ќе му дадам“.