24фудбал

Пирло: Учам од грешките и нема да ги повторам во иднина

Јувентус синоќа го доби дербито со Наполи, по што Андреа Пирло го намали дел од притисокот кој беше врз него.

Италија

Навивачите на Јувентус по долго време нема да се израдуваат на Скудетото, оваа сезона нивниот тим се бори за место во Лигата на шампионите, Андреа Пирло нема деби сезона каква што посакуваше.

„Направив многу грешки, но да се вратам од почеток повторно би ги направил. Ова е моја прва сезона, потребно ми е ова искуство кое ќе ми помогне за сегашноста и иднината“, вели Пирло.

„Ова комплицирана сезона, не само за мене, туку и за многу други тренери. Сите прават грешки, вклучувајќи ме и мене, но можам да научам од тоа и да не ги повторам во иднина“.

„Нашата цел сега е да завршиме во топ четири, бидејќи е тешко да дојдеме до врвот. Има уште десет натпревари, тоа може да го гледаме како мини сезона во која сакаме да освоиме најмногу бодови, а потоа да се подготвуваме за Ккупот на Италија“.