24фудбал

Во меч со пет гола, ПСЖ го победи Баерн во Минхен, Челси ја доби првата пресметка со Порто (ВИДЕО)

Баерн Минхен играше, но ПСЖ даде повеќе голови на Алијанц Арената и оствари голем триумф од 3-2, Челси со 2-0 го совлада Порто во Севиља.

Лига на Шампиони

Нова гостинска победа за ПСЖ против моќен противник, тимот на Покетино максимално ги искористи своите шанси, додека Баерн Минхен без Левандовски имаше проблеми со реализацијата.

ПСЖ имаше идеален почеток, по асистенција на Нејмар, Мбапе постигна гол уште во третата минута од натпреварот.

Во 28. минута Нејмар повторно асистира, овој пат до Маркињос за водство на ПСЖ од 2-0, девет минути подоцна Баерн преку Чупо Мотинг го намали резултатот на 2-1.

По 15 минути игра во второто полувреме Кимих убаво нафрли од слободен удар, а Милер реализираше со глава за израмнување на 2-2.

Кога се очекуваше и комплетен пресврт, нова контра на ПСЖ со супер завршница на Мбапе за победа од 3-2.

На мечот кој се одигра на неутрален терен, во Севиља, Челси во официјална улога на гостин го победи Порто со 2-0. На истиот стадион ќе се игра и реваншот.

Резултатот го отвори Маунт со убав гол во 32. минута, а конечните 2-0 ги постав Чилвел на пет минути до крајот на натпреварот.