24фудбал

Јувентус го доби дербито со Наполи, Пирло може да здивне (ВИДЕО)

Јувентус со 2-1 го доби заостанатиот натпревар против Наполи, со истиот резултат Интер го совлада Сасуоло и направи уште еден чекор поблиску до Скудетото.

Италија

Андреа Пирло беше под голем притисок пред дербито со Наполи, се шпекулираше и дека може да добие отказ ако Јувентус загуби. Тоа беше директна борба за топ четири позициите.

Сепак Јувентус победи со 2-1, па Пирло ќе може да здивне во наредните денови.

Резултатот го отвори Кристијано Роналдо уште во 13. минута, Португалецот погоди по една убава асистенција од Киеза.

Во 73. минута Дибала по само четири минути откако влезе даде гол за 2-0.

Инсиње во 90. минута успеа само да намали на 2-1.

Елиф Елмас ги одигра последните 15 минути од натпреварот.

Интер ја оправда улогата на фаворит и ги освои трите бода против Сасуоло откако победи со 2-1. Сега имаат 11+ на табелата, и само прашање на време е кога и теоретски ќе го заверат Скудетото.

Мечот се одвиваше многу слично како и дуелот на Јуве и Наполи. Интер поведе со гол на Лукаку во десетата минута, Лаутаро Мартинез во 67. зголеми на 2-0, а Траоре во 85. ги постави конечните 2-1.