24фудбал

Македонија против Холандија ќе игра пред 12.000 гледачи

Европското првенство и во Холандија ќе се игра пред гледачи, планирано е на „Јохан Кројф Арената“ да има 12.000 гледачи кога ќе игра Македонија против домашната селекција.

Македонија

Слично како и во Букурешт, и во Амстердам ќе се игра со 25 проценти од капацитетот на стадионот.

На трибините ќе се влегува само со негативиен корона тест, а другите дополнителни мерки треба наскоро да бидат објавени.

Македонија против Холандија ќе игра на 21. јуни, претходно играме во Букурешт со Австрија на 13 јуни и Украина на 17 јуни.