24фудбал

„Сан“: Доколку не остане во Вест Хем, Лингард има пет опции

Речиси и да нема дилеми во тоа дека Лингард сака да остане во Вест Хем, му се допаѓа соработката со Дејвид Мојс, а постигна шест погодоци и четири асистенции во само осум меча за „Чеканите“.

Англија

Џеси Лингард игра во животна форма откако се пресели на позајмица во Вест Хем, откако не добиваше адекватна прилика за докажување во дресот на Манчестер јунајтед, а селекторот на Англија, Герет Саутгејт мораше да го врати назад во составот на „Гордиот албион“.

Од Манчестер јунајтед инсистираа, а воедно и останаа на ставот да не вметнат откупна клаузула во договорот со Вест Хем, кои сигурно дека очајно посакуваат да го ангажираат на крајот од сезоната.

Договорот на Лингард со Манчестер јунајтед истекува идната година, а според истиот има неделна плата од 100,000 фунти, а на Островот одредени медиуми пишуваат дека за 28 офанзивец ќе бидат побарани 40 милиони фунти.

Фактот што Вест Хем загуби 20 милиони фунти од вкупно 45 вложени во Себастијан Алер, а се соочија со идентична ситуација со Фелипе Андерсон, прашање е дали ќе имаат можност да се соочат со барањата на Манчестер јунајтед на лето.

„Сан“ пишува дека во случај Вест Хем да не успее да се договори со Манчестер јунајтед, останува и натаму желбата на Лингард за што е можно поголема минутажа, па во едно такво сценарио тој би имал пет опции за во иднина.

Арсенал е една од опциите, а „Топчиите“ би можеле да останат без позајмениот од Реал Мадрид, Мартин Одегард на лето, со тоа што таа дупка би требало да се пополни, а токму Лингард е една од опциите, клубот од Лондон истовремено се наведува дека е во можност да ги исполни барањата на Манчестер јунајтед, кој од друга страна пак тешко би си подал рака со еден од најголемите ривали.

Лестер е исто така заинтересиран за услугите на Лингард, на „Кинг Пауер“ се импресионирани од неговата форма, па така „Лисиците“ одблизу ја следат ситуацијата со фудбалерот.

Тотнем исто така е заинтересиран, со тоа што и натаму не е извесна иднината на Деле Али, а се верува дека селекторот на Англија, Герет Саутгејт го советувал Лингард на трансфер вон Островот, па така се споменуваат уште и Атлетико Мадрид, односно Реал Сосиедад.

Атлетико Мадрид, каде настапува и сонародникот и соиграч од селекцијата на Англија на Лингард, Кјеран Трипје, е еден од клубовите кои во јануари се обидел да го ангажира Лингард на позајмица, а Реал Сосиедад наводно уште од јануарскиот преоден рок е во постојани контакти со претставниците на фудбалерот.