24фудбал

Саутгејт беше во право, Арнолд „тоне“ во катастрофална форма (ВИДЕО)

Многумина упатија критики кон англискиот селектор Герет Саутгејт поради тоа што го изостави од списокот на фудбалери Трент Александер-Арнолд за последната интернационална пауза, па дури и Стивен Џерард не можеше да ја разбере таа одлука, меѓутоа и повеќе од јасно е дека одлуката е оправдана.

Англија

Ливерпул синоќа загуби со 3-1 кај Реал Мадрид во првиот меч помеѓу овие две екипи во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а хорор перформансите на Трент Александер-Арнолд уште еднаш потврдија дека „Редсите“ имаат голем проблем на бековските позиции каде ланската сезона „царуваше“ двоецот Робертсон-Арнолд.

Саутгејт го изостави Арнолд кој е вон форма сезонава, а Џерард смета дека таквата одлука е потрешна

Особено Арнолд бележи катастрофална сезона зад себе, а 22 годишниот фудбалер синоќа особено настрада во мечот против Реал Мадрид каде противниците на моменти и си поигруваа со него.

Статистиката доволно говори, дури 23 пати Арнолд го загубил поседот на топката, добил само два од осумте дуели, а секако мора да се наведе и огромната грешка која придонесе за гол на Асенсио за 2-0.