24фудбал

Силекс преку Струга ТЛ до финалето од Купот на Македонија

Струга Трим Лум не успеа да направи историски успех и за првпат да се пласира во финалето од Купот на Македонија откако на свој терен загуби со 1-0 од Силекс.

Македонија

Силекс по четврти пат ќе игра во финалето од Купот на Македонија, првпат по 24 години ќе се бори за пехарот, овој пат против екипата на Академија Пандев.

Денешниот натпревар беше очекувано тврд, исполнет со нервозни моменти на теренот, а притисокот од историски резултат како да им пресуди на домаќините.

Мечот беше решен на десет миинути пред крајот кога по еден центаршут, Каракамишев погоди со глава за водство на Силекс кое значеше и победа.

Синоќа Академија Пандев ја победи Македонија Ѓорче Петров, па тие ќе бидат последната пречка за Силекс до трофејот.