24фудбал

Суарез се повреди на тренинг

Искусниот уругвајски напаѓач одлично се адаптираше во Атлетико Мадрид каде на 26 настапи сезонава успеа да постигне одличен учинок од 19 погодоци.

Шпанија

Постои загриженост во таборот на Атлетико Мадрид поради фактот што напаѓачот Луис Суарез денеска мораше да го напушти тренингот откако се здоби со повреда.

Ремито против Гетафе, но и поразот од Севиља ги разнишаа очекувањата за титула во Атлетико Мадрид изминативе неколку седмици, играта не е за пофалба, а тоа донесе и надеж за Барселона, но и Реал Мадрид кои очекуваат киксови од „Јорганџиите“.

Повредата на 34 годишниот Суарез секако е проблем за Диего Симеоне и покрај фактот што Уругваецот поради суспензија ќе го пропушти претстојниот меч со Бетис, а дополнителни медицински тестирања ќе покажат дали ќе биде во комбинација за натпреварите потоа.