24фудбал

Бејл тврди дека постојат вонземјани (ВИДЕО)

Велшанецот кој моментално е на позајмица во Тотнем од редовите на Реал Мадрид има свое објаснување во тоа што го верува, а Родон остана воздржан на таа тема.

Англија

Фудбалерите на англискиот Премиерлигаш Тотнем, Џо Родон и Герет Бејл имаа доста интересен настап на „СпарсТВ“, а едно од прашањата кое им се падна беше Дали веруваш во вонземјани?, односно дали постојат такви суштества, на што Родон повеќе беше воздржан на таа тема, а Бејл убеден дека постојат.

Очигледно е дека постојат многу теории на заговор за оваа тема, а постои и снимка за НЛО, истата беше објавена од страна на владата на САД (тоа е лажно, му возврати Родон). Тоа не е лажно, беше објавено од владата на САД, Постојат вонземјани, 100%, постои видео снимка како потврда за тоа“ тврдеше Бејл.

ВИДЕО - ТУКА