24фудбал

Официјално: Кевин Де Брујне потпиша нов договор со Манчестер Сити

Манчестер Сити успеа да се договори со својот најдобар фудбалер, Кевин Де Брујне потпиша договор до 2025 година.

Англија

„Кевн Де Брујне потпиша двегодишно продолжување на неговиот актуелен договор, ќе го задржиме во Сити до летото 2025 година“, стои во соопштението на клубот.

Белгиецот веќе пет и пол години е фудбалер на Манчесте Сити и во тој период се промовираше во еден од најдобрите играчи во светот.

„Не можам да бидам посреќен. Откако дојдов во Сити во 2015 година се чувствувам како дома. Ги сакам фановите, мојата фамилија се прилагоди тука во Манчестер и мојата игра се разви навистина многу добро“, вели Кевин Де Брујне.

„Пеп и јас го гледаме фудбалот на ист начин. И многу важно е за мене таквиот однос со тренерот бидејќи нашите цели тотално се поклопуваат и ги сакаме иститие работи“.