24фудбал

Има два начини на кои Нејмар би можел да се врати во Барселона

Враќање на Нејмар во Барселона е една од најчестите теми кога се во прашање трансферите, така е и пред крајот на оваа сезона.

Шпанија

Нејмар има уште една година од договорот со ПСЖ, се уште не ставил потпис за продолжување на соработката, а тоа го прави мета на шпекулации.

Последните велат дека Барселона не би платила ни евро за да го врати Нејмар, а незамисливо е да одвојат 150 милиони евра колку што бара ПСЖ. Постојат само два начини на кој Бразилецот би се вратил на Камп Ноу.

Првиот начин е позајмицата, Барселона да го испрати Гризман или Дембеле во Париз, а во спротивна насока да дојде Нејмар.

Вториот начин е да се почека уште една сезона, па Нејмар да си замине од ПСЖ како слободен фудбалер и да се врати во Барса.