24фудбал

Халанд не се распрашувал за Барселона

Соиграчот на Ерлинг Халанд во Борусија Дортмунд, Матеу Мореј кој е од академијата на Барселона, тврди дека Норвежанецот не го распрашувал за каталонскиот клуб.

Шпанија

Агентот Мино Рајола и таткото на Халанд беа во Барселона и Реал Мадрид на разговори околу евентуален трансфер на напаѓачот. Тие ќе одат на турнеја во неколку клубови пред да падне одлуката за иднината на Норвежанецот.

Клупски колега на Халанд во Дортмунд е Матеу Мореј кој беше дел и од Ла Масија, познатата академија на Барселона.

Тој од „Мундо Депортиво“ беше запрашан дали Халанд го распрашувал нешто за Барселона.

„Никогаш. Но не само за Барселона, не ме прашал ниту за Реал Мадрид“, вели Мореј.

„Ние сме пријатели, зборуваме за животот. Коментираме за мечеви од Бундеслигата и Лигата на шампионите, но ништо друго“.

„Ако замине, тоа е негова лична одлука која треба да ја донесе со неговите луѓе. Јас само се надевам дека ќе остане подолго со нас“.