24фудбал

Камерите го уловија Меси како вели: Судијата сакаше да ми даде жолт да не играм на „Ел Класико“ (ВИДЕО)

Барселона потешко од очекувањата го победи Ваљадолид, а следен предизвик на каталонскиот тим е гостувањето кај најголемиот ривал, Реал Мадрид.

Шпанија

Доколку Меси добиеше жолт картон на вчерашниот меч, немаше да игра против Реал. Тоа ќе беше негов петти жолт картон и тој ќе беше суспендиран. 

Аргентинецот на полувремето одејќи накај соблекувалната се пожали дека судијата барал начин да му го даде тој картон за да не може да настапи на „Ел Класико“.

„Сакаше по секоја цена да ми даде жолт. Неверојатно е што се случува“, извика Меси додека одеше кон соблекувалната.


Контрадикторно на ставот на Меси е тврдењето на дел од шпанските медиуми кои сметаат дека судијата на овој меч влечел на страната на Барселона.