24фудбал

Скопјанец се пофали дека само за четири дена го собра албумот на Панини (ФОТО)

Коста Димовски од Скопје веројатно е првиот во нашата земја кој успеа да го пополни албумот за Европското првенество на Панини.

Македонија

Во Македонија владее „панини - манија“ бидејќи за првпат во историјата и нашата репрезентација е дел од Европското првенство.

Не знаеме колку пари потрошил и колку дупликати му останеле, но Коста на својот инстаграм профил се пофали дека веќе го пополнил албумот на Панини. Објави неколку постови како доказ за рекордно завршената работа.