И ден по натпреварот победата на Македонија не престанунва да го бранува светот, а сензационалниот резултат на свој препознатлив начин го одбележа и интернационалниот фудбалски портал „Гол“.
Категорија: Македонија 01.04.2021 17:51 Прочитано: 2405 пати
Познатиот портал „Гол“ има рубрика во која со карикатури ги одбележува актуелните фудбалски моменти.
Изненадувањето кое го направи Македонија со победата над Германија, не остана незабележано од нив.
Тие на твитер профилот напишаа: „Германија остана запрепастена од Македонија“ и го објавија цртежот на кој се Пандев и Елмас.
Germany were left stunned by North Macedonia!pic.twitter.com/tsn6d6kj6a
— Goal (@goal) April 1, 2021