24фудбал

Германците не можат да се помират: Загубивме од фудбалско џуџе!

Германските медиуми пукаат по репрезентацијата и селеторот Јоаким Лев по срамниот пораз кој го доживеаа од нашата репрезентација.

Македонија

Македонија синоќа и „залепи силен шамар“ на Германија во пресрет на Европското првенство. Германците се во шок, тамошните медиуми со неверување пишуваат за нивниот пораз.

„Нашиот национален тим загуби со 1-2 од фудбалското џуџе Македонија. Против ова фудбалско џуџе кое е 65. во светот“, пишува „Билд“.

„Во 33. квалификациски меч за Светско првенство, Јаоким Лев го доживеа првиот пораз. И тоа каков дебакл...“.

Ули Хенес кој беше стручен аналитичар во студиото на РТЛ, вели дека тешко е да се објасни овој пораз.

„Тешко е да се објасни. Не знам зошто го смени успешниот систем. Јас не би менувал ништо во дефанзивата, ако не можете да дадете гол во нападот, барем гледајте да не примите гол. Целата моја еуфорија која ја имав, едноставно се распрска“, вели Хенес.