24фудбал

Утрото по победа над Германија е поубаво од другите (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација синоќа ја шокираше Германија победувајќи ја во Дуисбург со 2-1, триумф кој одекна силно во целиот свет.

Македонија

31. март 2021 година, датум кој ќе се памети, Македонија го победи четирикратниот светски и трикратниот европски шампион Германија. Не само што ги совладавме моќните Германци, туку се надигрувавме со нив, креиравме шанси, делувавме сигурно во одбраната, се боревме и против судиските одлуки и на крај победивме.

Ни честитаат сите, Германците се шокирани, но го признаваат поразот, ни симнуваат капа, тоа беше победа на Македонија чиста како солза, без ниту една дамка.

Беше победена селекцијата која точно 20 години не знаеше за пораз во едни квалификации за Светско првенство, се уште не сме ни свесни колку голема е оваа победа, што направија нашите херои.

Денеска многумина Македонци се будат со насмевка на лицето присеќавајќи се на синоќешниот меч, ова утро е поубаво од другите.

Да ги погледнеме најинтересните моменти од вчерашниот историски натпревар за нас: