Поранешниот германски селектор, Јирген Клинсман вели дека за играчите е подобро што загубиле пред празен стадион, но треба и да се скријат некое време, да не излегуваат од дома за да не го почувствуваат на себе разочарувањето на навивачите.
Категорија: Македонија 01.04.2021 01:03 Прочитано: 1374 пати
Македонија направи вистинска сензација победувајќи ја Германија во Дуисбург. Клинсман запрашан дали германските фудбалери се среќни барем што немаше фанови на стадионот, одговори:
„Да, друго ќе беше да загубиме од Македонија пред 65.000 гледачи. Но се обложувам дека утре нама да има фудбалер од германската репрезентација кој ќе отиде во пекара или месарница да купи леб или месо бидејќи тие ќе го почувствуваат разочарувањето на фановите ќе биде подобро да се скријат неколку дена дома пред да излезат повторно“.
Прочитајте и: Клинсман: Не знам како изгубивме, но Македонците беа брилијантни