24фудбал

Клинсман: Не знам како изгубивме, но Македонците беа брилијантни

Легендарниот германски фудбалер и поранешен селектор на нивната репрезентација, Јирген Клинсман има пофалби за Македонија и вели дека поразот е голем шок за Германија.

Македонија

Македонија не само што ја победи Германија, туку тоа го направи на начин што изнуди и пофалби од Германците. Еден од нив е и легендарниот Јирген Клинсман.

„Не знам како изгубивме, ова е голем удар, многу неочекуван пораз. На почетокот имавме шанси, Горецка ја погоди пречката, се чинеше дека се оди како што треба. Но овој тим на Македонија покажуваше моменти на брилијантност и не беше изненадување што водеа на полувреме“, вели Клинсман.

„Потоа Германија се врати со голот од пенал, но да бидеме фер кон Македонците и тие требаше да добијат пенал. И на крајот тие направија големо изненадување, ова е огромен шок за Германија, нема сомнеж во тоа“.


Прочитајте и: Клинсман: Германските фудбалери треба да се скријат неколку дена пред повторно да излезат на улица