Селекторот Игор Ангеловски одлучи да не го поведе Илија Несторовски на мечот во Германија како казна за непристојниот гест на синоќешниот меч против Лихтенштајн.
Категорија: Македонија 29.03.2021 12:02 Прочитано: 1958 пати
Ангеловски по прегледаната снимка од пцовките на Несторовски, одлучил да го отстрани напаѓачот од репрезентацијата за мечот со Германија.
„Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да и го соопштам на јавноста следното: Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија“, изјави селекторот Ангеловски.
Се очекува казната да важи само за дуелот со Германија, по овој меч тој би требало да се врати во составот на репрезентацијата.